Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт планира со втор тим да излезе на дуелот против Андора во квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година кој е закажан за утре во 20.45 часот.
Причината поради која тој размислува за вакво нешто е поради вештачката трева на која ќе се игра утрешниот меч во Андора ла Вела. Англија во моментов се наоѓа на првата позиција во квалификациската група И и е на чекор до остварување на директен пласман на мундијалот во Катар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА