Англичаните, и тоа како, се мачат со ВАР-системот. Често гледаме ВАР-одлуки на Островот кои понекогаш немаат никаква врска со логиката.
Таква ситуација имаше и вчера на мечот меѓу Бернли и Брентфорд кои одиграа феноменален дуел во 28-то коло од Премиерлигата.
По многу пресврти, голови, можности, Брентфорд победи со 3-4, а одлучувачкиот гол падна во третата минута од судиското продолжение, Дамсгард постигна гол за 3-4.
Пред тоа, на Бернли му беше поништен гол за водство од 4-3. ВАР го поништи голот на Флеминг и предизвика силни реакции кај домашната публика и навивачите.
На фотографијата можете да видите повлечена линија и мора добро да погледнете за да видите што е офсајд? Објаснувањето на крајот е дека врвот на лактот на фудбалерот на Барнли бил офсајд.
🤯 This is how close Burnley came to taking the lead.
CAN YOU EVEN SCORE WITH YOUR UPPER ARM? pic.twitter.com/oxYBLv4bBg
— Football Tweet ⚽ (@Footballtweet) February 28, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

