Брел Емболо е човекот кој му носи водство на Швајцарија на 15 минути пред крајот на мечот, и ја натера Англија одново да биде пред елиминација. Англија на минатиот меч со Словачка се спаси во судиското надополнување, а сега нема многу време на располагање.
Емболо искористи додадена топка од десната страна и лошата реакција на Стоунс кој не исчисти, по што од 1-2 метри само ја спроведе во голот.
Сега Англија е на потег, но Швајцарија сигурно нема да се предаде и ќе оди ја поправи грешката на Словачка од минатиот меч. Англија ништо не игра ниту на овој меч, немаше ниту еден шут кон голот на Зомер, кој и натаму останува без сериозна интервенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА