Англија пред казна – УЕФА ќе разгледува три спорни ситуации

Репрезентацијата на Англија на крајно сомнителен начин се пласираше во финалето на Европското првенство откако по продолженија ја совлада Данска со 2-1. Сепак, и покрај големото славје за историскиот успех, Англичаните нема да поминат без последици.

На нив им се заканува казна и тоа за три различни инциденти. Најпрво поради ласерите кои навивачите ги вперија во лицето на Каспер Шмајхел во текот на изведувањето на пеналот на Хари Кејн.

На Англичаните на товар им се става и прекинувањето на химната на Данска, како и за активирање на огномет на трибините. Телото за контрола во УЕФА во најкраток рок треба да одржи состанок и да одлучи како ќе биде казнета Англија. За сега се уште не е позната колкава казна ќе биде изречена.

Се вчитува...