Откако Хари Кејн претходно поради повреда се прости од соиграчите од репрезентацијата и се врати во Минхен, од истите причини во своите клубови заминаа и Хари Мегваер, Кајл Вокер и резервниот голман Сем Џонстон.
Поради ова, од собирот на младата репрезентација во таборот на Герет Саутгејт пристигнаа дефанзивецот Рико Луис и голманот Џејмс Трафорд, за кого ова ќе биде прв повик во сениорскиот тим.
Беше јасно дека Кајл Вокер нема да може да игра на пријателскиот натпревар против Белгија, откако заработи повреда во првото полувреме од натпреварот против Бразил, но Хари Мегваер изгледаше дека е заменет поради тактички причини.
Сепак, се покажа дека и тој се здобил со повреда. Сите тројца веќе се вратија во своите клубови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА