Играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд и на англиската репрезентација Џуд Белингем, можеби ќе треба да направи хируршка интервенција на коленото, со што е крајно неизвесен за дуелот со Македонија во квалификациите за ЕП 2024 година на „Олд Трафорд“ на 19. јуни.
Белингем го немаше во составот на Борусија на последните два меча поради повреда, а „Дејли Мејл“ открива дека играчот мора да замине на операција, само прашање е дали тоа ќе го стори сега или по настапите во рерпезентацијата. Со оглед дека го чека трансфер во Реал Мадрид, голема е веројатноста да го нема на натпреварите со Малта и со Македонија, за да може целосно да заздрави за почетокот на идната сезона која ќе ја чека веројатно во дресот на „кралевите“.
Трансферот на Белингем во Реал е во напредна фаза, и остануваат само детали. Неговиот договор со Дортмунд е до 2024 година, но многу е веројатно да замине ова лето.
Претходно медиумите во Англија објавија дека репрезентацијата може да остане и без Рахим Стерлинг кој се жали на повреда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА