Англија против Црна Гора испишува историја

Натпреварот против Црна Гора во квалификациите за Европското првенство 2020. година за репрезентацијата на Англија ќе биде 1000 официјален натпревар. Англија во четврток на „Вембли“ ќе ја пречека Црна Гора, а победа на мечот ќе му овозможи пласман на „Гордиот Албион“ на завршницата на еврошампионатот.

По повод 1000 официјален натпревар Англичаните изработија посебни дресови, а сите фудбалери кои играле во историјата од 147 натпревари ќе добијат посебен број на дресот кој ќе значи кој репрезентативец бил по ред.

Броењето ќе почне од голманот Роберт Бекер, кој ќе биде запишен како прв репрезентативец на Англија кој бил дел од тимот против Шкотска во првиот официјален фудбалски натпревар одигран на 30. ноември 1872 година.

 

Се вчитува...