После водството на Македонија по првиот дел, на Англија и требаа помалку од две минути во вториот дел да постигне гол.
После една акција на Англичаните, од десната страна Сака го пронајде Грилиш, Димитриевски и Димоски не можеа да интервенираат, па така Грилиш стрелаше во празната мрежа.
И кога се чинеше дека Англија израмни, судијата во консултација со ВАР го поништи голот. Грилиш бил во офсајд, па така залудна беше радоста на англиските фанови и фудбалери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА