Репрезентацијата на Англија исто така обезбеди учество на Светското првенство идната година во САД, Мексико и Канада. Англичаните вечерва славеа на гостувањето кај Летонија со 0-5, и така направи предност од недостижни седум бода пред второпласираната Албанија на две кола до крајот на квалификациите.
Головите за Англија ги постигнаа Гордон во 26. минута, потоа Кејн во 44. минута, па истиот играч од пенал во судиското надополнување од првиот дел, а во вториот дел автоголот на Тонисевс и на крајот Езе го запечатија учеството на Мундијалот.
Кристијано Роналдо и неговата Португалија само минути ја делеа до дефинитивен пласман на следното Светско првенство. Португалија имаше 2-1 против Унгарија до последните мигови. Токму Кристијано Роналдо со два гола беше творец на пресвртит. Првиот гол Португалецот го постигна во 22. минута, а вториот во третата минута од судиското надополнување. Салаи му донесе предност на унгарскиот национален тим, а потоа Унгарците успеаја во 90. минута преку Собослаи да го одложат славјето на Португалците за пласман на Мундијалот.
Блиску до пласман на Светското првенство е и селекцијата на Шпанија, која оствари уште една, четврта победа во квалификациите, и со чиста мрежа. Шпанците беа подобри од Бугарија со 4-0, и со 12 бодови се првопласирани пред последните две кола. Бегаат само три бода од Турција, која е втора со девет, додека Грузија со три и Бугарија немаат веќе никакви шанси да стигнат до врвот.
Два гола за Шпанија постигна Мерино, а потоа Чернев си постигна автогол во 79. минутa, за на крај Ојарзабал да постигне гол од пенал за конечните 4-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

