Англија со „седумка“ го одбележа 1.000 натпревар во историјата, Франција и Турција си обезбедија ЕП

Репрезентацијата на Англија со убедлива победа од 7-0 против Црна Гора во седмиот натпревар од Групата А во квалификациите за ЕП 2020 го одбележа својот 1.000 натпревар во историјата.

Извонредниот јубилеј Англичаните го заокружија најдобар со „седумка“ во мрежата на Црногорците. Хари Кејн запиша хет-трик, а стрелаа уште и Окслајд-Чемберлен, Абрахам и дополнето со еден автогол на Софранац.

Во вториот натпревар од оваа група Чешка славеше против Косово со 2-1 со што си избори пласман на ЕП 2020.

Во Групата Б, Португалија и Србија запишаа победи по што останува во последното коло да ја бијат битката за пласман на Европското првенство. Португалците се со предност затоа што во последното коло ги очекува гостување на Луксембург, а Србија пак ја чека мегдан со Украина.

Франција и Турција обезбедија место на Европското првенство 2020. Французите славеа со 2-1 против Молдавија, а Турција претходно ремизираше без голови со Исланд доволно за второто место во групата.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2020 – ГРУПА А

Чешка – Косово 2-1

Англија – Црна Гора 6-0

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2020 – ГРУПА Б

Португалија – Литванија 6-0

Србија – Луксембург 3-2

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2020 – ГРУПА Х

Турција – Исланд 0-0

Франција – Молдавија 2-1

Албанија – Андора 2-2

Се вчитува...