Англија со убедлива победа на гостувањето против Косово во Приштина од 0-4 (0-1) ги затвори квалификациите за пласман на ЕП 2020.
Англичаните триумфот го најавија со голот на Винкс уште во 32. минута од средбата, а во вториот дел стрелаа уште Кејн во 79. минута, Рашфорд во 83. минута и Маунт во 91. минута.
Бугарија славеше против Чешка минимално со 1-0, со голот на Божиков во 56. минута, колку да го избегне последното место во квалификациската група.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА