Сопственикот на англискиот премиерлигаш Лестер, Вишаи Шривадханапрабха и неговата ќерка, заедно со двајца пилоти, биле во хеликоптерот кој се урна во паркот непосредно до стадионот „Кинг Пауер“, неколку минути по завршувањето на мечот меѓу Лестер и Вест Хем од Премиер – лигата. Многу веројатно е дека не се преживеани, иако засега се уште нема официјални информации.
Силна експлозија и огромен пламен ги шокираа фановите кои се уште го напуштаа стадионот на Лестер, по што завладеала голема паника блиску до стадионот. Очевидците раскажуваат за големата трагедија, а полицијата го расчистува случајот. Противпожарни и амбулантни возила се уште се движат наоколу, но нема конкретни информации дали и колку луѓе загинале. Сепак, потврдено е дека претседателот на Лестер и неговата ќерка се качиле во хеликоптерот кој се урна вечерва во паркот, во близина на стадионот „Кинг Пауер“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА