Познати се двете полуфинални двојки на ЕВРО 2024 во Германија. На крај, по се, оние кои важеа за фаворити уште пред првенството дојдоа до завршницата, Шпанија против Франција и Англија против Холандија.
Но, најголемите фаворити за трофејот Франција и Англија се чини без некои игри за почит дојдоа до полуфиналето, што не е по воља на голем број европски фудбалски аналитичари.
И легендарниот англиски офанзивец Крис Сатон, кој сега е е ТВ-аналитичар, е револтиран пред се од изданијата на Французите, кои без ниту еден гол од игра на свој фудбалер досега дојдоа до полуфинале. Со два автогола, еден гол од пенал и проаѓање преку пенал-рулетот, се меѓу најдобрите четири репрезентации во Европа.
„Тие навистина поим немаат, да играат во мој клуб или репрезентација, да се мои играчи би ставил завеса само да не ги гледам. Тие воопшто не се за гледање, а вистински збунувачки е како играат Мбапе и Гризман. Изгледаат како некои просечни фудбалери, е не едни од најдобри во Европа“ – вели Сатон и дополнува:
„Оваа Франција не одигра ниту еден меч како треба, не заслужија да дојдат до тука“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА