Додека се уште се очекуваат официјални информации од клубот, од англиската полиција и од компанијата сопственик на Лестер, англиската јавност е револтирана како е можно 14 часа по несреќата во која се урна хеликоптерот на сопственикот на Лестер да нема никакви официјални информации.
„Поминаа 14 часа а нема официјално кој бил во хеликоптерот и дали има преживеани по падот. Вакво нешто не се случило досега во историјата. Што прави англиската полиција?“ – се прашуваат поголемиот дел од англиските медиуми.
А, хеликоптерот се урна синоќа пред стадионот на Лестер по натпреварот на овој тим со Вест Хем. Веќе се тврди дека во хеликоптерот бил сопственикот на Лестер, Тајланѓанецот Вишаи Шривадхапрабха а се шпекулира дека никој внатре не би можел да преживее таков пад.
Единствено се огласи редовниот пилот на хеликоптерот на Шривадхапрабха, кој синоќа имал слободен ден. Тој се огласи на Твитер порачувајќи дека не бил хеликоптерот, а се моли за сите они кои биле во него…
For all those that have been calling, it wasn’t me flying last night. Thinking of those that were #LCFC pic.twitter.com/FNtHgi0FIo
— Philip (@PhilipAmadeus) October 28, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА