Легендарниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер жестоко го критикуваше Трент Александер-Арнолд поради неговите изданија на двомечот помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид. Карагер вели дека на десниот бек му е потребна „помош“ со оглед на игрите кои ги пружа. Карагер ги истакна проблемите со овој фудбалер, кои би можеле да продолжат.
Тој кажа дека кај играчот недостасува интензитет, и дека е загрижен за тоа што му се случува на десниот бек, кој пред неколку години беше еден од најдобрите на својата позиција.
„Александер-Арнолд против Винициус, топката е на средината на теренот, а тој не ја гледа топката. Трент само шета. Недостаток на интензитет и тоа не би рекол дека е повремено. Туку многу пати видено и тоа е многу загрижувачки. Не само за Ливерпул како екипа, туку и за него“, порача Карагер кој додаде дека проблемот на Ливерпул е тоа што немаат конкуренција за него.
„Ливерпул е во момент кога мора да купи десен бек. На ова момче му треба сериозна конкуренција, затоа што пет години игра во врвна форма и се освои. Јас сум горд на него, но дефинитивно му треба конкуренција“, изјави Карагер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

