Лук Литлер е новиот светски шампион во пикадо, откако во финалето го совлада еден од најголемите на сите времиња Мајкл ван Гервен со 7-3.
Една од најголемите надежи на светските пикадо, 17-годишниот Англичанец забележа една од најубедливите победи во финалето на светските првенства. И тоа против човек кој претходно три пати беше светски првак и исто толку вицешампион.
Лук Литлер со тоа стана најмладиот светски шампион. Од друга страна, Холанѓанецот сепак остана осамен на второто место на вечната листа со три титули, зад неприкосновениот Фил Тејлор, кој 14 пати беше светски првак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА