Клубот што до неодамна играше во Премиер-лигата, сега оди под стечај

Англискиот фудбалски клуб Болтон се соочува со нови проблеми, откако испаднаа од Чемпионшип, тие поради стечај следната сезона во Лига 1 ќе ја започнат со -12 бода. Фудбалерите на клубот неколку месеци немаат земено плата, а пропадна и продажбата на клубот.

Во официјалното соопштение на клубот се наведува дека за стечајни управници се именувани Пол Аплтон и Ашер Милер, а дека претседателот Кен Андерсон и понатаму се обидува да го продаде клубот.

„Тоа е ситуација која трае веќе некое време и сега е најважно да што побргу таа се стабилизира. Дојдено е до време кога моравме така да реагираме, бидејќи на друг начин клубот ќе пропаднеше. Сметаме дека ова решение е во најдобар интерес за клубот“, пишува во соопштението. 

Од ФА е потврдено дека на клубот во новата сезона ќе му бидат одземени 12 бода.

„Официјално сме известени дека Болтон прогласи стечај. Поради тоа, по правилникот Болтон следната сезона ќе ја почне со -12 бода. Во следниот период ќе почнеме разговор со луѓето во клубот како би се пронашло долгорочно решение“, стои во соопштението од ФА. 

Болтон е четирикратен освојувач на ФА купот, а на двапати играа во финалето на англискиот Лига куп.

Се вчитува...