Англиски гигант со смешна понуда до Барселона за трансфер на Рафиња

Рафиња ја игра сезоната од сништата и еден од клучните фудбалери на Барселона со вкупно 27 постигнати голови и 21 асистенција, предводејќи го својот клуб не само во Шпанија, туку и во Лигата на Шампионите.

Фантастичната сезона го примами интересот на останатите гиганти кои се надеваат дека каталонците ќе се откажат од неговите услуги со цел подмирување на финансиските потешкотии. Ракодоствтото на Барселона ја разгледува оваа опција, но со оглед на формата на 28-годишникот не се очекува трансфер да се реализира под 100 милиони евра.

Барселона веќе ја доби првата понуда за Рафиња, пренесуваат шпанските медиуми. Таа е од Манчестер Јунајтед кој во Бразилецот гледа идеален фудбалер за решавање на проблемите во нападот, но изнесува само 70 милиони евра па истата е експрено одбиена.

Се вчитува...