Ерик тен Хаг ќе добие уште една шанса на клупата на Манчестер Јунајтед.
Како што пренесуваат тамошните медиуми во Манчестер, во случај на пораз од Астон Вила во недела, Холанѓанецот ќе добие отказ за време на претстојната репрезентативна пауза.
Не се знае кој би можел да го замени, но повторно се споменуваат имиња како Томас Тухел и Масимилијано Алегри кои се слободни на пазарот.
Јунајтед во четвртокот едвај ремизираше со Порто откако поведе со 2:0, во Лигата на Европа имаат два бода од два натпревари, а во Премиер лигата веќе забележаа три порази во првите шест кола.
Овој меч со Астон Вила доаѓа во лош момент за Холанѓанецот, со оглед дека овој тим го совлада Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Ако се случи да го совлада и Манчестер Јунајтед, тогаш Холанѓанецот ќе биде разрешен од функцијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА