Црвена Звезда е рекордер по посета во третото коло од Лигата на Европа. Официјално, натпреварот со Арсенал (0-1) на славната „Маракана“, или актуелно „Рајко Митиќ“, го следеле 52.000 навивачи, а неофицијално таа бројка достигнала и повеќе од 55.000…
Новинарот на англиски „Дејли мејл“, Лаит Јусуф останал вчудоневиден од атмосферата која ги дочека фудбалерите на најголемиот српски стадион.
„Сум гледал фудбал на четири континенти, вклучувајќи и на ‘Ацтека стадионот’, но атмосферата која на Маракана ја создадоа навивачите на Црвена Звезда е подобра од било која што сум ја доживеал претходно. Фудбалот треба да биде токму ова“ – напиша воодушевениот англиски новинар.
Англичанецот дополнува притоа и дека не може да замисли како сето тоа изгледало во минатото во Белград која на трибините имало по 100.000 навивачи.
„Навивањето беше толку гласно, што јас едвај се слушав и самиот себе додека зборував“ – пишува Јусуф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА