Англиски репрезентативец демантира дека е геј

Англискиот фудблски репрезентативец и играч на Челси, Рубен Лофтус-Чик, на личниот Твитер профил објави порака во која ги демантираше гласините што се појавија на социјалните мрежи дека е геј.

Наводно тој веќе им признал на соиграчите и бил подготвен да излезе и во јавноста. Сепак Лофтус-Чик вели дека би го поддржал секој фудбалер кој би решил отворено да зборува за сексуалната ориентација, но оти гласините за него не се точни.

Темата за хомосексуализмот е горливо прашање, ниту еден премиерлигашки фудбалер отворено не се декларирал како геј. Единствено Германецот Хицлшпрегер беше искрен за сексуалната ориентација, но дури откако ја заврши кариерата.

 

Се вчитува...