Англискиот напаѓач Ајван Тони, е уапсен во текот на ноќта поради тепачка во Лондон. Напаѓачот на Ал-Ахли е приведен поради основано сомнение дека удрил едно лице кое се обидело да се фотографира со него.
Очевидец за „Сан“ ја објаснил целата случка, откако група на луѓе го препознале повремениот англиски репрезентативец, и сакале да се фотографираат о него.
„Мина покрај маса во која седеа неколку момчица. Еден од нив го препозна и сакаше да се фотографира. Тој се обидел да го гушне и да добие фотографија со него. Тони тогаш одговори: „Тргни се од мене“, и тоа се заврши така што со главата удри едно од момчињата“, рече очевидецот.
Наводно англискиот голгетер му го скршил носот на едно од лицата. Исто така напоменува дека Тони се чувствувал небезбеден, односно мислел дека ќе биде нападнат, па се обидел да се одбрани.
Тони минатата година од Брентфорд го засили Ал Ахли за сума од 40 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

