Англиски спортски коментатор ја напушти сопругата болна од рак и се ожени за другарка на ќерка му

Познатиот спортски коментатор, Ричард Кис последните денови е ударна вест во британските медиуми.

Минатиот викенд Кис договори свадба со својата избраничка Луси. Луси е 32 години помлада од него и била најдобра пријателка на неговата ќерка Џема. Ричард предвреме ја напушти сопругата Џулија, која со години се бори со опасна болест, со која беше во брак 36 години.

Кис работеше како коментатор во Премиерлигата за „Скај спортс“ до 2011 година. Потоа беше отпуштен поради сексистички коментари за една од ретките женски судии во Премиерлигата, Сиан Мејси-Елис.

Сепак, тој не остана без работа. Тој се преселил во Катар, каде што работи за „Беин спортс“. Ричард беше обвинет за неверство од неговата сопруга Џули уште во 2016 година. Решил да ја остави иако седум години се борела со ракот. Две години подоцна тој првпат беше виден во јавноста со Луси. Венчавката била планирана, но ситуацијата со Ковид ги променила плановите, па свадбата се одржала дури минатиот викенд.

Се вчитува...