Новопечениот македонски репрезентативец Давид Тошевски, би можел да ја продолжи кариерата во Англија. Откако стана јасно дека нема да биде дел од Австрија Клагенфурт, кој испадна од првата австриска лига, македонскиот напаѓач ќе има нов клуб ова лето.
Најновите информации околу него велат дека некогашниот премиерлигаш Болтон е заинтересиран да го доведе во своите редови. Болтон во моментов настапува во Лига еден, третата по ранг во Англија.
Претходно имаше информација дека за неговите услуги е заинтересиран германскиот второлигаш Дармштад.
Во минатото Тошевски беше дел од Работнички, од каде направи трансфер во Ростов, па мина на позајмици во Тамбов, Горник Забрзе и Земплин Михаловце.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

