Англиски тренер на бизарен начин остана без прст

Неверојатно повреда доживеа менаџерот на англискиот нисколигаш Хикехем Таун, Дарен Дај. 51-годишникот остана без прст во бизарната несреќа која му се случи кога по натпреварот отишол да ја земе топката која отишла од другата страна на жичната ограда.

Дај се обидел да ја земе топката прескокнувајќи ја оградата, но за жал прстенот кој го носел му се закачил на оградата по што му се откинал прстот.

„Само што скокнав знаев дека нешто не е како што треба. Знаев дека ми отиде прстот. Болката беше неиздржлива“, изјави Дај. 

Се вчитува...