Англискиот фудбал добива холивудски актер: Џорџ Клуни купува великан!

Џорџ Клуни е холивудска икона, човек кој го обожава целиот свет, а кој сега би можел да започне нов бизнис. Тој сака да инвестира во фудбалот, во Англија, каде внимателно ги следи натпреварите во Дерби Каунти.

Дербито се бори за опстанок, клубот има 21 бод минус на стартот од сезоната и големи се шансите да ги гледаме во Лига 1 следната сезона.

Клуни, пак, живее во Англија, а неодамна изјави дека постои можност да го купи Дерби.

„Мојот интерес за фудбалот порасна во последните неколку години и сакав да ја купам Малага во Шпанија. Но денес размислувам да купам друг клуб. Можеби еден ден … Дерби има фантастична историја, а сигурен сум во светла иднина. Знам за сите проблеми, но ништо не е нерешливо и момците изгледаат одлично на теренот“, изјави Клуни.

Се вчитува...