Англискиот репрезентативен голман ја заврши кариерата

Поранешниот англиски репрезентативен голман Бен Фостер, се реши да стави крај на кариерата, откако одигра само пет натпревари за Врексам во новата сезона.

Фостер има 40 години, а во минатото беше дел и од Манчестер Јунајтед од 2005 до 2010 година, кога одигра само 12 меча. Бранеше и во Ватфорд, Бирмингем, ВБА, Стоук, а ја завршува кариерата во Врексам. За Англија бранеше на осум меча.

„Искрено, вистината е дека моите перформанси не се на посакуваното ниво и онака како што очекував, и затоа мислам дека е време да се откажам. Мислам дека оваа одлука е најдобра за мене и за клубот, и сметам дека најдобро е сега да кажам збогум, за да му оставам на клубот можност да ангажира нов голман пред да заврши трансфер преодниот рок. Врексам има посебен дел во моето срце“, изјави Фостер.

Се вчитува...