Фудбалерите на Англија од првото место обезбедија пласман во осминафиналето на Европското првенство со пет бода.
Но, впечаток е дека Англичаните не покажаа ништо на теренот и не го оправдаа впечатокот на еден од главните фаворити за освојување на ЕВРО.
Во сите три меча изгледаа лошо, неубедливо, но остварија победа над Србија, и ремизираа против Словенија и Данска.
Англичаните тактизираа во третиот натпревар во групата, каде одиграа без голови против Словенија и со тоа го обезбедија првото место во групата.
Сепак, тоа не им се допадна на навивачите, кои не ги пречекаа расположени своите играчи по ремито со Словенија, а неколку чаши полетаа кон Герет Саутгејт, кој веќе е омразен на островот и кој порача дека доколку не победи на ЕВРО, ќе се повлече од селекторските позиции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА