Навивачите на Милвол уште еднаш покажаа зошто важат за едни од најозлогласените во Англија, користејќи го секој дуел со некој премиерлигашки тим за да си ги одмерат силите со своите ривали.
Исклучок не беше ниту денешниот дуел од ФА Купот против Евертон, пред чиј почеток дојде до инцидент непосредно по симнувањето на гостинските фанови од автобусот со кој дојдоа од Ливерпул. По дваесетина фанови на двата клуба влегоа во групна тепачка што траеше помалку од една минута, пред страстите да бидат смирени од страна на полицајците кои експресно се појавија на местото на инцидентот.
Millwall Vs Everton just now#MILEVE #facup pic.twitter.com/VH8D8WUgSG
— Danilo Powell (@DaniloB4167559c) January 26, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА