Англија вечерва против Сенегал настапи без својот офанзивец Рахим Стерлинг кој со дозвола од англискиот селектор Герет Саутгејт, заминал во Лондон.
Англиската федерација објави дека Стерлинг нема да биде во комбинација од „семејни причини“, без притоа да биде објаснето што се случува со крилниот играч.
И натаму никој не објавува официјално, но англиските медиуми пишуваат дека Стерлинг морал итно да се врати во Лондон, поради тоа што бил извршен вооружен грабеж во неговиот дом, и тоа додека во него биле негови блиски членови на семејството.
Наводно било одземено се што било вредно од домот, пишуваат медиумите потпирајќи се на извори блиски до истрагата.
Не е познато дали Стерлинг ќе се врати повторно во Катар за натпреварот на Англија против Франција во 1/4 финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА