Речиси и да нема европски меч на која англиски судии ја делат правдата а да нема посериозен превид или грешка, тренд што продолжи и на вечерашниот дуел меѓу ПСВ Ајндховен и Џирона.
Холандскиот тим по првото полувреме има водство од 2-0, но првиот гол не требаше да биде признаен поради класично кршење на правилата. Имено, Рајан Фламинго биеше прецизно по аутот што го изведе Тилман, но снимката покажа дека Тилман направил престап при нагазувајќи ја линијата пред да ја уфрли топката во терен.
Главниот судија Мајкл Оливер и неговиот прв помошник не го забележаа ова, но каталонските медиуми се жалат дека ВАР-судијата Дејвид Кут мораше да ја види ситуацијата и да го поништи голот…
Спорната ситуација при првиот гол на ПСВ Ајндховен можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА