Анголската фудбалска федерација постигна историски договор. Светскиот шампион Аргентина ќе ја посети Ангола на 14. ноември. Како дел од прославата на Денот на независноста, Ангола ќе ги воодушеви фудбалските фанови со дуел против Аргентина, предводена од Лионел Меси.
Оваа акција нема да биде евтина бидејќи ФФА плати дури 12 милиони евра за организирање на овој натпревар. Цената, секако, е дополнително зголемена бидејќи и Лионел Меси ќе пристигне во Ангола.
Мароко беше меѓу земјите што преговараа со Аргентина за пријателски натпревар во ноемврискиот прозорец, но се чини дека Ангола беше подготвена да плати повеќе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

