Репрезентацијата на Ангола е првата селекција која се пласираше во 1/4 финалето на Африканскиот куп на Нации, откако денеска во 1/8 финалето ја совлада на Намибија со 3-0. Дуелот го одбележаа и двата црвени картони, по еден за двете селекции.
Желсон Дала во 38. минута донесе предност, а истиот играч во 42. минута донесе и 2-0 за Ангола. Во вториот дел Мабулулу зголеми на 3-0 за конечна победа.
Ангола во 1/4 финалето ќе играат со победникот Нигерија – Камерун, кои играат вечерва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

