Ангола одигра катастрофално на дуелот против Словенија, но африканските ракометари најавуваат дека против Македонија ќе се прикажат во далеку подобро светло. Свесни за направените грешки, репрезентативците на Ангола со респект гледаат на нашата репрезентација, но и порачуваат дека избраниците на Червар многу потешко ќе стигнат до цел плен отколку што тоа беше случај со ракометарите на Веселин Вујовиќ.
„Македонија е добра репрезентација, која во своите редови има искусни и квалитетни ракометари. Сепак, и ние не сме толку слаби. Најважно од се е поразот од Словенија да го оставиме зад себе и против Македонија да одиграме онака како што знаеме. Ќе треба многу повеќе да трчаме и да бидеме поцврсти во одбраната, но верувам дека можеме да го оствариме тоа“ – истакна крилото Освалдо Лиандро Муанеса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА