Американската тенисерка Аманда Анисимова се пласираше во полуфиналето на Вимблдон. Во четвртфиналето, Анисимова ја победи Русинката Анастасија Пављученкова со 2:0, во сетови 6:1, 7:6. Мечот траеше еден час и 41 минута игра.
Анисимова беше доминантна во првиот сет, фуриозно го започна мечот со четири последователни победи во гејмови и победувајќи со 6:1.
Анисимова во вториот сет водеше со 5:2 и беше само еден гем од пласман во полуфиналето, но потоа кај неа „влезе“ нервоза, а Пављученкова го искористи тоа за да освои три гема по ред, да спаси две меч топки и да израмни на 5:5.
Следеше тај-брејк во кој се водеше голема борба во која Пављученкова имаше 6:3 и три сет-топки за израмнување, но ги испушти сите. Драмата продолжи и во решавачкиот гем од вториот сет, а откако Русинката промаши пет сет-топки, Анисимова го сврте и ја искористи четвртата меч-топка за да се пласира во полуфиналето.
Анисимова ќе игра против Арина Сабаленка во борбата за финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

