Машката ракометна репрезентација на Македонија во најскоро време треба да добие нов селектор. Кој ќе го наследи Лино Червар на македонската клупа? Дали Македонија ќе продолжи во квалификациите за ЕП 2018 во Хрватска со македонски тренер на клупата или довербата повторно ќе му биде дадена на странец?
Во комбинација се неколку тренерски имиња кои се најблиску до македонската клупа. Во анкетата на ЕКИПА, на почетната страница на сајтот, може да гласате за својот фаворит.
Во конкуренција се: Звонко Шундовски, Раул Гонзалес, Данило Брестовац, Касим Каменица, Гино Стрезовски, Илија Темелковски, Зоран Кастратовиќ, Стевче Алушовски… Или можеби имате и свој предлог!?
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА