Германската фудбалска јавност испрати јасна порака до селекторот Јулијан Нагелсман – да го трне Каи Хаверц од стартниот тим за осминафиналето и на негово место дуелот да го почне со Никлас Фулкруг од Борусија Дортмунд.
Хаверц постигна гол од пенал во стартниот триумф над Шкотска, но потоа одигра многу слабо и против Унгарија и особено на мечот со Швајцарија. Навивачите се бесни на селекторот што упорно го форсира фудбалерот на Арсенал иако голгетерот на Борусија е во далеку подобра форма, особено откако Фулкруг го постигна голот за реми со Швајцарија кој го осигура првото место во групата.
Весникот „Билд“ објави анкета со прашање кој треба да биде напаѓач на Германија во осминафиналето, во неа учествуваа над 140.000 лица, а резултатите се шокантни – над 90% од испитаниците се со став дека Хаверц имал премногу шанси што не ги заслужил и треба да се пресели на клупата за резерви.
На потег е Нагелсман, кој ќе треба да реши дали да го послуша гласот на јавноста, или да остане тврдоглав на својата одлука, Хаверц да биде прва опција во нападот на Германија на овој европски шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА