Анри: Барселона покажа како не треба да се игра во ЛШ, понекогаш тренерите се тврдоглави

Легендарниот француски фудбалер Тјери Анри, го објасни поразот на Барселона од ПСЖ во 2. коло во Лигата на шампионите. Каталонскиот тим иако водеше, на крајот загуби 1-2 на домашен терен од актуелниот европски првак.

Анри вели дека Барселона одиграла многу високо во одбраната, и затоа дошло до поразот.

„Не можеш да играш во Лигата на шампионите со толку висока дефанзивна линија. Кога играш против добри тимови, те казнуваат за тоа, и токму тоа се случи денес. Тие не сакаат да го променат тоа и разбирам дека понекогаш тренерите можат да бидат тврдоглави во пристапот кон играта, но на големите натпревари тоа може да биде скапо“, рече поранешниот напаѓач на Арсенал и Барселона. 

Се вчитува...