Легендарниот Тјери Анри на гостувањето на „Си-би-ес спорт“ заедно со Џејми Карагер и Мика Ричардс го кажа своето мислење кој ќе ја освои сезонава Лигата на шампионите.
И тоа без размислување…
„Директно ќе го кажам победникот – Арсенал. Поздрав, догледање“ – рече Анри.
Ричардс и Карагер останаа во неверување, со потсмев прифаќајќи го неговиот став.
„Што?“ – беше реакцијата на Ричардс, а се доплни Карагер: „Навистина? Па тоа е Анри, тој може да кажува што сака“.
Ричардс, пак, верува дека финалето ќе биде меѓу Атлетико Мадрид и Манчестер сити, а Карагер предвиде дека Манчестер сити ќе ја освои Лигата на шампионите, по финале со ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА