Анри извиси и за Египет, селектор ќе биде Мексиканецот Агуире

Француската фудбалска легенда Тиери Анри нема среќа со пронаоѓањето на првиот самостоен тренерски проект во кариерата. Тој беше дел од стручниот штаб на Роберто Мартинез во селекцијата на Белгија на Светското првенство во Русија, а сега е во потрага по прв конкретен ангажман. Извиси за менаџер на Астон Вила, а нема да биде именуван ниту за нов селектор на Египет.

Анри беше во најтесен избор за нов селектор на египетската фудбалска репрезентација, но на крајот победи Мексиканецот Хавиер Агуире. Тој ќе го наследи Хектор Купер, кој си замина по Светското првенство, и ќе биде нов селектор на Узбекистан.

 

Се вчитува...