Се поголем е бројот на фудбалери што ги користат прес-конференциите на клубовите да се пожалат на пренатрупаниот распоред на натпревари, па така Родри од Манчестер Сити нецела седмица откако најави дека можеби е време за штрајк, за жал заработи тешка повреда на коленото и сега го очекува долга пауза од терените.
Француската фудбалска легенда Тиери Анри јавно им даде поддршка на играчите во оваа борба, потенцирајќи дека нивниот замор придонесува да паѓа квалитетот на врвните фудбалери на големите натпреварувања.
„Слушам за некаква иницијативи сега да имаме и СП на секои две години. Сакам да кажам една работа – луѓето кои зборуваат такви работи воопшто не го разбираат менталниот аспект на играта, колку тоа ги исцрпува фудбалерите. Физички е тешко, но некако ќе се прилагодат, но што е со менталниот замор, особено од оние најдобри фудбалери од кои секогаш се очекува да играат на највисоко ниво. Не е лесно, навистина имаат преголем број на натпревари секој натпревар. Погледнете го последното ЕВРО. Дали ви се допадна? Не ми е гајле што зборуваат луѓето, за мене беше потпросечно бидејќи најдобрите европски фудбалери не беа во ритам, беа преморени од долгата клупска сезона. Не сакам да гледам такво ЕП, сакам најдобрите да успеваат во своите намери на теренот и сите да уживаме во нивната магија, за нив луѓето плаќаат големи суми пари за да дојдат на стадион и да уживаат во нивните мајстории. Манчестер Сити на почетокот од сезонава… најдобрите им се на клупата за резерви затоа што имале пренапорно лето и сега им треба дополнителен одмор. Дајте, ве молам“, порача Анри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА