Француската фудбалска репрезентација се пласираше во големото финале на Летните олимписки игри во Париз со триумф над Египет и тоа по целосен пресврт и продолженија.
Задоволството од успехот не го криеше селекторот на „триколорите“, легендарниот Тијери Анри кој вели дека го живее својот сон и дека не сака да се разбуди.
„Ќе бидам искрен, првенствено сум среќен за олимпискиот тим на Франција. Кога гледате како земаат медали на сите полиња морате да си кажете себе си дека не смеете вие да разочарате. Не смеете да бидете дел од тим кој не освоил ниту еден медал. За тоа повеќе не се грижам, сега останува само да видиме која боја ќе биде. Јас го живеам мојот сон и не сакам да се разбудам од него“, вели Анри.
Франција досега има два медали на олимписките игри во фудбалското натпреварување. Првиот и единствен златен беше освоен во 1984 година во Лос Анџелес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

