Легендарниот Франузин, Тјери Анри не ја почна на најдобар можен начин својата тренерска кариера.
На крајот од минатата година Анри одлучи да го преземе Монако, но многу брзо доби отказ, кој како што вели, не го премислува во своите амбиции. Во разговор за „Телеграф“ признава дека телефонот не му звонел речиси четири месеци, а потоа одеднаш следеле пет понуди.
„Верувам дека може да бидам успешен. Не е лесно, не треба ниту да биде, но за неуспехот не треба да се размислува. Успешно ги минував препреките и кога бев во Арсенал, па потоа и во стручниот штаб на репрезентацијата на Белгија, па мислам дека можам и сега“ – вели Анри откривајќи некои интересни детали.
„Никој не ми се јавуваше четири месеци по Монако, а потоа пет понуди. Признавам, некои воопшто не беа на мое ниво, како на пример да бидам асистент во некој анонимен клуб. Моја желба е да бидам тренер а не асистент, а не сакам да ги оставам и моите помошници. Некои од нив престанаа да работат поради мене, и сега што да им кажам дека јас си најдов работа. Тоа не е коректно“.
Полесно да го преболи отказот во Монако на Анри му помогна и богатата отпремнина која ја доби од 8,4 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА