Анри поради своите деца го напушти Монтреал

Легендарниот Тиери Анри соопшти дека се повлекува од местото тренер на МЛС франшизата на Монтреал. Французинот наведе дека одлуката ја носи од семејни причини и дека му е навистина тешко што мора да го напушти Монтреал.

„Ова беше тешка одлука за мене. Претходната година ми беше најтешка во животот поради пандемијата од коронавирусот. Не можев да ги видам моите деца, а се почна поради рестрикциите кои се на сила. Не можам веќе да работам на овој начин и одлучив да се вратам во Лондон како би бил со своите деца“, изјави Анри. 

 

Се вчитува...