Од сите страни доаѓаат критики кон Јирген Клоп и кон фудбалерите на Ливерпул, откако „црвените“ беа понижени на домашен терен, губејќи со 2-5 од екипата на Реал Мадрид.
Легендарниот голгетер Тиери Анри жестоко удри по играчите на англискиот гигант, особено потенцирајќи една работа што ја забележа.
„Ливерпул почна супериорно, а потоа потона. Во тимот не владее единство, што за мене е јасен доказ дека доаѓа крајот на една ера. Видовме две голмански грешки, но при голот на Салах сите фудбалери на Реал, од прв до последен, дотрчаа до Куртоа за да му дадат поддршка. Кога Алисон Бекер згреши, соиграчите го оставија сам“, вели Анри.
Според него, тренерска смена не е решение, но „црвените“ што поскоро мора да направат ремонт во играчкиот кадар.
„Не мислам дека Клоп треба да си замине за работите да тргнат на подобро. Сепак, треба да се признае дека некои фудбалери веќе не се доволно добри за да играат за Ливерпул, не можат да настапуваат на ова ниво. Тоа му се случува секому, но мора да се прифати на вистински начин за да се сврти нов лист“, порача Тиери Анри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

