Анри: Реал Мадрид во една работа е многу подобар од другите клубови

Поранешниот француски фудбалер Тијери Анри коментирајќи го натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Лајпциг во Лигата на Шампионите имаше интересна констатација за начинот на кој „кралскиот“ клуб го гради својот тим.

Анри го пофали славниот шпански тим за начинот на кој што се „решава“ од своите најдобри играчи и ги задржува оние кои можат да бидат ментори на младите како Лука Модриќ и Тони Крос.

„На Реал Мадрид мора да му се признае дека знае како да создава тим така што задржува дел од старата гарда и ја засилува со одлични млади играчи. Реал најдобро знае кога да се реши од важните играчи. При тоа не мислам за играчи кои е логично да заминат. Не, туку како на време ги решија оние кои беа на врвот како Кристијано Роналдо, Касемиро, Озил, Варан…

Погледнете го случајот со триото Модриќ, Крос и Касемиро. Реал пред две години го продаде најмладиот од тројцата, Касемиро, кој тогаш имаше 30 години. Логично е да се запрашаш „зошто го продадоа најмладиот од нив?“. Затоа што проценија како овие двајца кои ги поштедија ќе бидат вистински ментори за прифаќање и развивање на младите. Затоа мора да им се даде признание“, вели Анри.

Се вчитува...