Анри се откажа од новинарство – сака да биде тренер

Тиери Анри како помошник во стручниот штаб на Белгија стигна до мундијалска бронза, но целокупното искуство му помогна на легендарниот Французин да донесе значајна одлука – целосно да се посвети на барањето на тренерски ангажман и да даде отказ од функцијата на стручен ТВ аналитичар на СкајСпортс.

Екс-капитенот на Арсенал уште од 2015 година многу успешно заплови во „новинарски води“, давајќи извонредни анализи на премиерлигашките средби, како и на натпреварите од Лигата на шампионите. Иако работата му беше и одлично платена (четири милиони фунти годишно), легендарниот голгетер сепак реши дека сака поинаков предизвик во животот – тренерски ангажман.

„Сакам да изразам голема благодарност до СкајСпортс за укажаната доверба и за беспрекорната соработка. Сепак, сакам да се насочам кон тренерската работа и максимално да се посветам на таков ангажман, поради што решив да се повлечам од улогата на ТВ-аналитичар“ – соопшти Анри.

Се вчитува...