Анри три години играше за Барселона, погледнете ја неговата реакција по неверојатниот пресврт (ВИДЕО)

Неверојатниот пресврт на Барселона во седмото коло од Лигата на Шампиони против Бенфика се уште е топ тема во светот на фудбалот. Каталонците имаа негатива од 1-3, подоцна и од 2-4, но во петтата минута од судиското продолжение стигнаа до победа од 5-4.

Голот за победа предизвика делириум кај навивачите на Барселона, а со еуфорија го проследија и коментаторите во емисијата „Голазо“, Џејми Карагер и Мика Ричардс, но не и Тијери Анри кој три години настапуваше за каталонскиот тим од 2007 до 2010 година и освои три титули.

Се вчитува...