Анри веднаш си најде тренерски ангажман

Легендарниот Тиери Анри реши да го прекине новинарскиот ангажман во „Скај Спортс“ за да почне професионална тренерска кариера, а не мина многу време за францускиот ас да најде и клуб каде ќе ја извршува менаџерската функција.

Станува збор за Астон вила, поранешниот премиерлигаш кој сега се натпреварува во Чемпионшип-дивизијата, но сака што поскоро да се врати во елитнто друштво. Во текот на летово дојде и до промена во сопственичката структура, па токму новите доминантни акционери, Насеф Савирис и Вес Еденс, го контактирале Анри за пристигнување на „Вила парк“.

Французинот начелно ги прифатил понудените услови, па сега останува Астон вила да ја прекине соработката со сегашниот менаџер Стив Брус, по што би следела и официјалната промоција на Анри.

Се вчитува...