Анри: Време е да се посветам на тренерскиот занает

Тиери Анри го напушти „Скај спортс“ за да и се посвети на тренерската кариера. Поранешниот франацуски репрезентативец и ѕвезда на Арсенал, веќе две години е дел од тимот на Роберто Мартинез во белгискиот национален фудбалски тим.

„Во последните четири години имав некои неворојатни искуства во тренерската работа и тие само ми ја потврдија уште повеќе желбата за долгорочна работа во фудбалот како тренер. Со жалење им соопштив во „Скај спортс“ дека ги напуштам за да можам целото време да го посветам во остварување на мојата примарна цел“ – напиша Анри на социјалните мрежи.

40-годишниот Французин за „Скај спортс“ работеше откако се повлече од активното играње во 2014 година.

Се вчитува...